ЕкономијаМакедонијаПравда

Најверојатно лицата со попреченост ќе бидат вклучени во петтиот сет мерки

Одговарајќи на новинарско прашање, Министерката за труд и социјална политика истакна дека се зема во предвид и лицата со попреченост да бидат вклучени во петтиот пакет мерки, наменет за помош на најранливите категории на граѓани и бизниси. 

Таа посочи дека некои од лицата со попреченост спаѓаат во групите кои претходно биле опфатени со мерките, а дел од пензионерите се лица со попречност, како и дел од регистрираните баратели на работа. 

Таа се надева дека лицата со попреченост ќе бидат едни од оние коишто ќе добијат помош од Владата, нагласувајќи дека вчера разговарала со вицепремиерот за економски прашања и дека има сознанија за тоа дека уште малку лица останале неопфатени.