СветСветот на работникот

Невработеноста во ЕУ намалена во јули 2025

Во јули годинава, стапката на невработеност во ЕУ беше 5,9 проценти, што според Евростат претставува пад во однос на јуни, како и во споредба со истиот месец минатата година, кога невработеноста беше 6,0 проценти.

Во еврозоната, стапката на невработеност во јули изнесуваше 6,2 проценти, што е намалување во однос на претходниот месец кога беше 6,3 проценти.

На годишно ниво – од јули 2025 до јули 2024 година – стапката на невработеност во еврозоната е намалена за 0,2 процентни поени.

Евростат проценува дека во јули 2025 година во ЕУ имало 13,025 милиони невработени лица, од кои 10,805 милиони живееле во земјите од еврозоната.

Во споредба со претходниот месец, бројот на невработени лица во ЕУ е намален за 165 илјади, а во еврозоната за 170 илјади. На годишно ниво, бројот на невработени е намален за 105 илјади во ЕУ и за 161 илјада во еврозоната.

Од вкупниот број невработени во ЕУ во јули годинава, 2,801 милиони лица биле на возраст под 25 години, од кои 2,227 милиони живееле во еврозоната. Така, јулската стапка на невработеност кај младите во ЕУ изнесуваше 14,4 проценти, а во еврозоната 13,9 отсто. Во јуни 2025 година, стапката на невработеност кај младите беше 14,8 отсто на ниво на ЕУ и 14,3 проценти во еврозоната. На месечно ниво, бројот на невработени млади лица во ЕУ се намали за 81 илјада, а во еврозоната за 64 илјади.

Кога станува збор за стапката на невработеност кај жените во ЕУ, таа во јули годинава изнесуваше 6,0 отсто, што е намалување на месечно ниво за 0,1 процентен поен. Во еврозоната, стапката на невработени жени беше 6,4 проценти, што е за ист процентен поен помалку во споредба со јуни 2025 година, кога изнесуваше 6,5 отсто.

Кај мажите, стапката на невработеност во ЕУ во јули изнесуваше 5,8 отсто, останувајќи непроменета во однос на претходниот месец, додека во еврозоната таа изнесуваше 6,1 проценти, што претставува месечно намалување за 0,1 процентен поен.

“Стапката на невработеност во ЕУ во јули годинава изнесувала 5,9 отсто, што е претставува намалување како во однос на јуни, така и споредено со истиот месец лани, кога невработеноста изнесуваше по 6,0 проценти”, соопшти Евростат.