МакедонијаСиндикат

Неделков оствари работна средба со Градоначалникот на општина Гази Баба

Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:

Работна средба со градоначалникот на општина Гази Баба.

По барање на регионалниот претседател на СОНК – Бојан Станковиќ, остваривме средба со градоначалникот Бобан Стевковски, на која што разговаравме за прашања што се во надлежност на општината. Особено важно е да се истакне дека, општина Гази Баба е целосно посветена за подобрување на предучилишната и училишната инфраструктура, со изградба на нови и реновирање на стари образовни објекти.

Даден е приоритет и на искрениот социјален дијалог на сите нивоа, кој е основниот предуслов за решавање на сите спорни ситуации, вклучувајќи ги и можните последици од оптимизацијата во образованието, што е во најава од МОН за наредниот период.