Неделков оствари средба со вработените во детската градинка „Пролет” во Карпош
Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:
Работна средба со дел од членовите на СОНК во детската градинка ,, Пролет”, општина Карпош.
Од вработените во градинката беа изнесени бројни забелешки во однос на проблемите што ги имаат за нормално функционирање на установата и успешно реализирање на програмските активности.
Беше дискутирано за недостаток на кадар, бројност на деца во групите, инклузија и работа со деца со пречки во развојот, исплата на јубилејни награди, кариерен развој, висина на плата и други прашања, за кои со претседателот на регионот Карпош, се обидовме да дадеме точни и конкретни информации.
За овие и останати прашања во интерес на вработените во градинките, СОНК побара средба со надлежните во министерството на социјална заштита, на која ќе се предложат соодветни решенија за измени во законот и колективниот договор.

