ПравдаСветот на работникот

„Обединети работници“ се приклучува на протестот на КСС

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС доби поддршка за протестот и од Движењето за социјална правда „Обединети работници“.

Во продолжение нивното соопштение: 

Би сакале да ја известиме јавноста дека Движењето за социјална правда „Обединети работници“ ја подржува иницијативата на КСС за организирање на работнички протест по повод катастрофалните услови во кои што се наоѓаат работниците во Република Македонија. Честите кршења на ЗРО и останатите закони кои што го уредуваат работниот однос, немањето слух од страна на инспекциите, како и незаинтересираноста на Власта и тоа како допринесоа за отежнување на секојдневието на стотици илјади работници во Република Македонија.

Како здружение посветено за подобрување на благосостојбата на работничката класа, ДСП „Обединети работници“ ќе биде присутно на самиот протест, со што ќе даде активен придонес во оваа борба.

Работниците заслужуваат, работниците можат! Време е за обединување!