Вести

Овој работен ден е „новиот понеделник“ за овие работници: И не, не е петок

Петок и понеделник важат за најомилени денови за работа од дома, но по се изгледа дека не е така.

Како што пишува Telegraf Biznis.rs, хибридните работници најчесто поминуваат дома два дена неделно, но тоа не се деновите на кои речиси сите мислиме.

Откако флексибилната работа станала популарна, за време на пандемијата, работодавачите им овозможиле на работниците да работат два дена од дома, најчесто во понеделник и петок, за да имаат четири споени „опуштени“ денови, сметајќи и на викендот кој за најголем дел од работниците е неработен.

Ова значи дека на работа оделе од вторник до четврток. Но, според пишувањето на Блумберг, овој тренд се променил – излегло дека работниците почесто работат од дома во четврток, отколку во понеделник и петок.

– Четврток е новиот понеделник, пишува Блумберг овие денови, повикувајќи се на податоците на WFH Research од страна на тим на академици, вклучувајќи го и Николас Блум од Универзитетот Стенфорд, кој прибрал податоци за навиките и ставовите на десеттина илјади американски работници од почетокот на пандемијата.

Петок е рангиран како најпопуларен ден за работа од дома во последните шест месеци, по кој следува четврток, додека среда е најчест ден за работа од канцеларија.

Наодите покажуваат дека шемите на работа константно се менуваат речиси три години, а потврдуваат и колку на компаниите им е тешко да ги спроведат строгите норми за враќање во работните простории, особено во САД, каде што пазарот на труд е значително „затегнат“.

Пелотон е меѓу работодавачите кои ги повикале вработените на работа од вторник до четврток, додека останатите големи работодавачи, како Ејпл, сакале вработените да доаѓаат на работните места во вторник, четврток и уште еден ден по избор на поединечните тимови.

Претходниот план на Ејпл бил вработените да работат од канцелариите во понеделник, вторник и четврток.

Што се однесува до тоа кога најмногу биле „зафатени“ канцелариите, податоците на безбедносната компанија Kastle Systems,  укажуваат на средина на неделата.