Остра реакција на синдикатите на изјавата на Ангеловска дека помали плати за јавниот сектор е личен став
Вработените во јавниот сектор треба да имаат помали плати. Ова е личен став на министерката за финасии. Според неа, дел од работниците во приватниот сектор губат работа, а добар дел веќе имаат и помали плати. Затоа нејзиниот став е товарот да се подели. На тој начин би се обезбедиле пари во буџетот за помош на стопанството.
Синдикатите во јавниот сектор бурно реагираат на ваквиот став на Ангеловска. Сител ги консултираше двата најголеми синдикати на варботените во јавниот сектор. Во УПОЗ велат дека зад ваквиот, личен, став на министерката гледаат обид да се компензира штетата од одлуката на Уставниот суд со која судиите и функционерите ќе си ги земаат платите од пред кризата. Претседателот на овој Синдикат, Пеце Груевски, вели дека кратење не може да има затоа што над 70% од вработените имаат плата под 25.000.
Од Синдикатот на образование наука и култура пак велат дека во овие сектори, посебно во образованието заради онлајн наставата, вработените имаат прекувремени саати.
Податоците покажуваат дека вкупните приходи во буџетот во април се намалени за 20%, од даноци пак се собрани 31% помалку пари од лани. Ваквите резултати се подобри од очекувањата на Владата. За до крајот на годината проекцијата е дека БДП ќе падне за 3,4%.
За ВМРО ДПМНЕ овие бројки покажуваат дека економијата е во очајна криза. Над 100.000 граѓани се отпуштени од работа или се на принуден одмор додека Нина Ангеловска си игра економија. Наместо да донесе концизни и широкоопфатни мерки Ангеловска секојденвно на прес-конференции ги менува мерките и се премислува.
Извор: Сител

