Отказ од лични причини – лекција по трудово право
РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
Тема: Отказ од лични причини
Неспорно е дека работодавачот согласно член 71 од ЗРО може да го откаже договорот за вработување од лична причина кај работникот. Членот 76 предвидува кои се лични причини за отказ: „работникот заради своето однесување, недостаток на знаења или можности или заради неисполнување на посебните услови определени со закон, не е способен да ги извршува договорните или други обврски од работниот однос (лична причина)“ Согласно измените од 2018 година дојде до промена на членот 73 кој се однесува на „постапката пред отказот заради лични причини“. Измената предивува дека работникот МОРА писмено да се предупреди за неисполнување на договорните обврски и можноста за отказ, ако не го подобри своето однесување!
ПОГРЕШНО Е да се смета дека работникот треба да се предупреди во случај на отказ заради вина – прекршување на работниот ред и дисциплина.
ПОГРЕШНО Е да се смета дека предупредувањето е факултативно.
ПОТРЕБНО Е да се даде минимален рок од 15 дена за да се подобри работењето на вработениот (член 80), но овој рок е мал и треба да се размисли за негово продолжување до 30 дена!
ПОТРЕБНО Е овој вид на престанок на работниот однос да се разбира и применува независно, посебно од останатите видови на отказ!
проф. д-р Лазар Јовевски
РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
Тема: Отказ од лични причини
Неспорно е дека работодавачот согласно член 71 од…
Posted by Проф. д-р Лазар Јовевски on Monday, March 1, 2021
