Пари: ТОП 10 компании со највисоки просечни плати
Од речиси 2.000 евра до 10.000 се месечните просечни нето-плати во ТОП 10 компании по просечна плата, покажува анализата на порталот Пари направена во соработка со БизнисМрежа.мк. Во овие ТОП 10 компании се познати компaнии како „Орка холдинг“, „Авицена“, „Рош Македонија“, но тука е и ракометниот клуб „Вардар“ и „Авто испитен центар“ и компании, кои барем на прв поглед, се помалку познати во јавноста. Она што е интересно за овие компании е што тие, иако се со најголеми просечни плати, финансиски не ја поминале сјајно минатата годината. Токму првите две, во кои се и најголемите просечни плати, биле во загуба, а сите други, освен една, имале значително намалување на добивката.
Секако, упросечувањето на платите секогаш е меч со две острици – тоа може да покаже каде работниците земаат најголеми плати, но можно е тие ништо да не виделе од така големите износи, а целиот просек да биде кренат поради една плата на газдата, или на мал број луѓе околу него. Земајќи го во предвид тој фактор на ризик, еве што велат податоците за фирмите со најголемите просечни плати.
| ФИРМА | ДЕЈНОСТ | ПРОСЕЧНА МЕСЕЧНА НЕТО-ПЛАТА | ВРАБОТЕНИ |
|---|---|---|---|
| Партнер | Агенција за привремени вработувања | 604.660 | 15 |
| РК Вардар | Спортски клуб | 537.446 | 22 |
| НО-МА метал | Други метални производи | 190.281 | 57 |
| Техноскоп | Опрема за водовод и централно греење | 186.990 | 23 |
| Орка холдинг | Управувачки дејности | 164.799 | 28 |
| Овчеполка | Одгледување на свињи | 139.985 | 36 |
| Аксапта мастрес | Компјутерско програмирање | 135.402 | 59 |
| Авто испитен центар | Друго образование | 130.213 | 55 |
| Авицена | Трговија со хемиски производи | 116.989 | 42 |
| Рош Македонија | Стручни, научни дејности | 116.351 | 17 |
Износите се изразени во денари | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк
Повеќе на Пари

