Пензиите ќе можете да ги подигате од понеделник
Пензионерите јулските пензии ќе можат да ги подигнат дури од понеделник, 31 јули.
Од Министерството за труд и социјална политика велат дека овој месец има мало доцнење од вообичаено поради тоа што крајот на месецот се поклопи со деновите од викендот.

