МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Пензионерскиот синдикат го поддржува штрајкот на СОНК

Пензионерскиот синдикат на Македонија дава безрезервна поддршка на генералниот штрајк на СОНК и изразува надеж дека ќе успее во борбата за постигнување на целта.

Воспитно – образовниот кадар е најмногу заслужен за тоа во какви луѓе ќе израснат нашите деца, па поради тоа играат клучна улога во општеството. Барањата коишто СОНК како претставник на вработените во основното, средното образование и градинките ги има поставено пред Владата се легитимни и им следуваат согласно законските прописи кои ги опфаќаат.

Платите на вработените во овие дејности се под просечната и се најмали во регионот и во Европа, а СОНК веќе четири години активно бара да се усогласат колективните договори со растот на минималната плата за да се зголемат и нивните плати.

На родителите би сакале да им порачаме дека треба да имаат разбирање и да бидат солидарни со вработените коишто од понеделник стапуваат во штрајк.