По повод Денот на даночните работници, Претседателот на синдикалната организација САДУ – УЈП и директорката Петрова ја посетија Јавната установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми – Скопје
Фејсбук статус на Управата за јавни приходи:
Биди човек, биди хуман
Денес, по повод Денот на даночните работници – „Св. Матеј“, директорката на Управата за јавни приходи м-р Elena Petrova и претседателот на синдикалната организација САДУ – УЈП Владимир Божиновски ја посетија Јавната установа за згрижување на деца и млади со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје.
Нашата цел беше едноставна, а искрена: да подариме придонес од вработените, со внимание, топлина и радост. Така празникот го претворивме во чин на хуманост и вистинско значење.
Благодариме за топлиот прием и за можноста да направиме гест кој носи надеж. За нас даночните службеници, хуманоста не е само збор – таа е начин на живеење, сила што нè обединува и нè менува, потсетувајќи нè дека секој може да биде светлина во нечие секојдневие.
Кога даруваме, не губиме. Напротив – добиваме. Градиме мостови на доверба, љубов и човечност што траат многу подолго од еден празник. ![]()

