Потпишан првиот колективен договор во Дирекцијата за ТИРЗ, предвидено зголемување на платите на сите вработени
Потпишан првиот колективен договор во Дирекцијата за ТИРЗ, предвидено зголемување на платите на сите вработени!
🤝Директорот Гоце Димовски, заедно со претседателот на Синдикалната организација на Дирекцијата, Габриела Филиповски, денес го потпиша првиот колективен договор со претседателот на Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), Благоја Ралповски.
💬Директорот Димовски нагласи дека овој договор, кој за прв пат се потпишува во рамки на Дирекцијата, претставува клучен чекор во градењето на уште поефикасна, попрофесионална и транспарентна институција, која ќе може уште поуспешно да одговори на предизвиците и да придонесе кон економскиот развој на државата.
🎯Освен зголемувањето, овој договор предвидува и бројни бенефити за вработените, меѓу кои и додатоци на плата за ноќна работа, сменска работа, работа во денови на празници и прекувремена работа, јубилејни награди, гаранции за заштита од вознемирување на работното место, мерки за заштита и безбедност при работа, уредување на платени и неплатени отсуства и друго.


