ЕкономијаМакедонија

Превезени 11,7 милиони патници во патничкиот патен превоз во четвртиот квартал лани

Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз во четвртото тримесечје од 2021 година изнесува 11 700 000 и во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 16,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 12,5 проценти, во приградскиот за 24 проценти, во меѓуградскиот за 5,9 проценти, а во меѓународниот превоз за 156,9 проценти.

Во четвртото тримесечје од 2021 година, во однос на истиот период од 2020 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 41,4 проценти. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 13,3 проценти, во приградскиот за 7.8 проценти, во меѓуградскиот превоз за 20,1 процент, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува
111,1 процент.