Предлог за привремено загарантиран минималец од 500 евра
Стопанствениците велат – не се против минималец од 500 евра, но голем проблем е ниската продуктивност, а и недостигот од стручни профили. Стигнува и нов предлог-загарантиран минималец од 500 евра како преоден период. Граѓаните немаат дилема…
Не е проблем минималец од 500 евра, но проблем е ниската продуктивност, велат стопанствениците. Од прилепската Регионална комора стигнува и нов предлог – загарантиран износ на минималецот на 500 евра како преоден период.
За граѓаните нема дилема за висината на минималецот од 500 евра.
Стручните кадри се хроничен недостиг со години за стопанството. Решението се гледа во дуалното образование но за реални потреби.
За стопанствениците, продуктивноста ќе се зголемува со инвестиции, преквалификации и дополнителни едукации.
Извор: МРТ

