ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Проф. Николовски: Пандемијата направи тектонско поместување на пазарот на трудот

Пандемијата направи тектонско поместување на пазарот на трудот. Освен со заживувањето со кое треба да се вратат загубените работни места, пандемијата отвори можност за поинакви работни односи и за вештини кои претходно ги занемарувавме, вели професорот Димитар Николоски од Економскиот факултет во Прилеп, експерт за пазарот на трудот.

Според Николоски, се отвори можност за таканаречената ГИК-економија, што повлекува и нови мерки, а она што е најважно и што треба да го користиме како искуство од оваа криза  е тектонското поместување во самиот пазар на трудот. Вели дека пандемијата, во суштина, нѐ научи оти многу од оние вештини што претходно не беа толку ценети, како ИТ-вештините, дигиталната присутност, работењето на далечина…сега веќе многу добија на тежина.

Повеќе на Вечер