МакедонијаСиндикат

Ристески: Има недостасток на работници, а оние кои ги „увезуваме“ исчезнуваат

Марјан Ристески претседател на КСОМ заедно со Слободан Трендафилов од ССМ се гости на DailyClick на ТВ21. Разговараме за ситуацијата со работниците во државата.

Ристески вели дека ситуацијата со работници во Македонија е загрижувачка и дека почнуваат да се увезуваат од други земји, но и тие ги снемува.

„Работниците се освестуваат, треба да бидат солидарни и да ја почитуваат волјата. Созреваат затоа што нема повеќе работници, и работодавачот ќе мора да го цени работникот. Донесоа одлука за увоз на работници, за жал и тие што доаѓаат ги снемува, исчезнуваат и никој не знае каде се“, изјави Ристески.

Извор: ТВ21