САДУ: Овие договори претставуваат важен чекор кон подобрување на правата на вработените
Фејсбук статус на Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ):
Институции во кои се потпишаа колективни договори:
Судски совет
Агенција за администрација
Биро за развој на образование
Министерство за дигитална трансформација
Овие договори претставуваат важен чекор кон подобрување на правата, условите за работа и социјалната сигурност на вработените. Истовремено, тие ја зајакнуваат транспарентноста, партнерството и довербата помеѓу институциите и синдикатите.
Со договорите се обезбедува етапно зголемување на платите, кое ќе се реализира во следниот период:
7% зголемување од 1 март 2026 година
дополнителни 7% од 1 март 2027 година
дополнителни 7% од 1 март 2028 година

