Се одржа меѓународниот собир на синдикатите од Централна Европа и Западен Балкан
Фејсбук статус на Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство:
📍На 8 и 9 април, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, се одржа годишниот меѓународен собир на синдикатите од Централна Европа и Западен Балкан, во организација на Европската федерација на синдикатите од јавниот сектор (EPSU).
🌐На настанот учествуваа претставници од целиот регион, при што на секој синдикат му беше овозможено свое излагање, преку кое ја презентираше синдикалната состојба во својата земја.
➡️Генералниот секретар на EPSU, Јан Вилем Гудриан, ги истакна главните предизвици со кои се соочуваат синдикатите во современи услови, нагласувајќи дека единството е клучно во борбата за унапредување на работничките права.
🎯Свое излагање имаше и САДУ, каде како едно од најзначајните постигнувања во изминатиот период беше истакнато потпишувањето на колективни договори во повеќе институции, при што дел од нив за првпат воспоставија ваква практика.
Беше нагласено дека овие договори претставуваат резултат на конструктивен социјален дијалог и партнерски однос со институциите, придонесувајќи кон подобро уредување на работните односи, зајакната заштита на правата на вработените и унапредување на севкупните услови за работа.
🔗Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк: https://shorturl.at/4NxxO

