САДУ: Потпишувањето на колективните договори претставува значаен исчекор кон подобрување на статусот на вработените
Фејсбук статус на Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство на Македонија (САДУ):
Потпишувањето на колективните договори за вработените во администрацијата претставуваат значаен исчекор кон подобрување на статусот, сигурноста и условите за работа на вработените. Истовремено, тие носат и конкретни придобивки – подобро уредени права, дополнителни надоместоци, заштита од вознемирување и унапредени мерки за безбедност и здравје при работа.
Институции во кои се потпишаа колективни договори:
Државен архив
Министерство за односи меѓу заедниците
Министерство за спорт
Министерство за правда
А, дел од институциите за прв пат потпишуваат колективни договори, што претставува историски момент и јасен показател дека преку социјален дијалог се унапредуваат правата на работниците.
Со договорите се обезбедува етапно зголемување на платите, кое ќе се реализира во следниот период:
7% зголемување од 1 март 2026 година
дополнителни 7% од 1 март 2027 година
дополнителни 7% од 1 март 2028 година

