МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

САДУ се приклучува кон протестот на Синдикатот на полицијата

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија ја дава својата поддршка за најавениот протест  во сабота на 08.05.2021 година.

Се сложуваме со барањата кои ги има синдикатот и сметаме дека се легитимни и дека треба да бидат исполнети од страна на владата, а особено барањата кои се однесуваат на престанок на пресметките  со синдикалните претставници, додаток за борбата против коронавирусот и најважно владеењето на правото.

Почицијата работи за оваа држава и за нејзините граѓани и сметаме дека заслужуваат нормални работни услови и достоинствени работни места на кои пред се ќе се чувствуваат безбедни и почитувани.

Ги повикуваме сите наши членови, истомисленици и припадници на полицијата да се приклучат кон протестот и во знак на солидарност да се искаже незадоволството од моменталната состојба која за жал слична е и во многу други сектори.

ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ !!