Секретаријатот и стручните единици на МАНУ стапуваат во штрајк, бараат поголеми плати
Вработените во секретаријатот и стручните единици на Македонската академија на науките и уметностите од денеска стапуваат во штрајк и бараат од претседателството на МАНУ зголемување на нивните плати.
Се пожалија дека нивните плати во просек изнесуваат, како што велат „малку повеќе над минималната плата во државата“ и дека воопшто не се зголемени во последните 15 години.
Во повеќе наврати се обиделе да изнајдат решение за зголемување на платите, но досега не наишле на разбирање кај претседателството на МАНУ.

