МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Синдикатите револтирани – Законот за „Бехтел и Енка“ ќе овозможи 60 часовно работно време

Опасно е кога одлуки носат луѓе што не виделе како изгледа градилиште на плус 40 степени. Синдикатот на градежниците најавува дека ќе најде начин и ќе го стопира специјалниот закон кој треба да овозможи овие градежниците да работат и по 60 часа неделно. Пешевски вели вековна беше борбата за 40 часовна недела, а сега без преговори им се наложуваат 20 часа повеќе на луѓето кои работат во најтешки услови.

Предлагач на законот се група праетници, на комисиска расправа помина со поддршка од сите, освен Левица. Законот ќе овозможи Владата без тендер да склучи договор со конзорциумот Бехтел и Енке за изградба на три автопати. Вицепремиерот Битиќи вели дека решението ги следи модерните развојни стандарди за инфраструктура и тоа соодветно ќе се плаќа. Сепак, утрово премиерот Заев на синдикалците им ветил дека членот 12 ќе биде трgнат.

Освен синдикатот, против овој лекс специјалис се произнесе и антикорупциска комисија затоа што сметаат дека го зголемува ризикот за кропција. Најавија дека ако помне, ќе го оспорат пред Уставен суд.

Извор: Сител