Сиско укинува 4.000 работни места!
Американската технолошка компанија Cisco Systems соопшти дека ќе укине речиси 4.000 работни места како дел од реструктуирањето на работењето и пренасочувањето на инвестициите кон вештачката интелигенција (AI).
Компанијата истовремено ја зголеми прогнозата за годишните приходи поради силната побарувачка од големите cloud-компании, пренесува Reuters.
Од Сиско наведуваат дека во тековната фискална година примиле нарачки за AI-инфраструктура во вредност од 5,3 милијарди долари (околу 4,5 милијарди евра), а очекувањата за целата година ги зголемиле на девет милијарди долари (околу 7,7 милијарди евра), во споредба со претходната проценка од пет милијарди долари.
Извршниот директор на Сиско, Чак Робинс, изјавил дека компанијата ги зголемува вложувањата во развој на чипови, оптички технологии, сајбер-безбедност и примена на вештачка интелигенција.
Приходите на компанијата во третиот квартал изнесувале 15,84 милијарди долари (околу 13,5 милијарди евра), што е над очекувањата на аналитичарите.
Сиско сега проценува дека приходите во фискалната 2026 година ќе изнесуваат меѓу 62,8 и 63 милијарди долари (околу 53,6 до 53,8 милијарди евра).
Акциите на компанијата пораснале за повеќе од 16 проценти по објавувањето на деловните резултати.
Извор: Telegraf.rs / Tanjug

