Советување на работодавачите за вработување на невработени лица со поволни услови
Советување на работодавачите за вработување на невработени лица со поволни услови
Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност предвидува и советување на работодавачите од страна на Агенцијата за вработување во однос на одредени вработувања на луѓе за кои им следуваат поповолни услови.
Ваквото советувањето на работодавачите опфаќа:
– услуги на работодавачот за можностите, условите и начинот на обезбедување на поволности за вработување на инвалидни лица, лица на кои работниот однос им престанал поради стечај или поради економски, технолошки, структурални или слични промени кај работодавачот, невработени лица кои подолго чекаат за вработување и лица од дефицитарни занимања, со упатување од страна на Агенцијата во согласност со договор со работодавачот.
– услуги на работодавачот во обезбедување на потребите од вработување со пребарување во евиденцијата на невработените инвалидни лица, на лица кои останале без работа поради стечај или економски, технолошки, структурални и слични промени кај работодавачот и невработени лица кои подолго време чекаат вработување со обука, преквалификација или доквалификација за вработување;
– услуги на работодавачот за условите и начинот на обезбедување на поволностите при вработувањето на невработените лица;
– организирање на средби и разговори од страна на Агенцијата со работодавачите и невработени лица (саеми на работна сила), за условите и
– информирање на работодавачите и обезбедување услуги за вработување на работници со дефицитарни занимања, со упатување на невработено лице од една во друга подрачна единица на Агенцијата, со организирање на обука на дополнителни или посебни знаења на одделни невработени лица или со обука, преквалификација или доквалификација на невработените лица.
Тимот на Јуридика

