МакедонијаСиндикат

СОНК одржа работна средба со Градоначалничката на Општина Кисела Вода

Фејсбук статус на СОНК:

Денес претседателот на СОНК и регионалниот претседател на РО на СОНК – Кисела Вода реализираа работна средба со градоначалничката на Општина Кисела Вода. На средбата присуствуваше и шефот на кабинетот на градоначалничката.

На состанокот се разговараше за актуелни прашања и реални проблеми кои се во надлежност на Општината, а се од значење за функционирањето на воспитно-образовниот процес и за подобрување на условите за работа на вработените во образованието. Притоа беа разменети мислења, ставови и предлози насочени кон унапредување на соработката меѓу локалната самоуправа и СОНК.

Средбата помина во конструктивна атмосфера, при што беше изразена подготвеност за понатамошна соработка и заедничко делување во насока на унапредување на образовниот процес и заштита на интересите на вработените во дејноста образование и детска заштита.