МакедонијаСиндикат

СОНК ја одржа втората работилница во рамки на проектот „ВИ Навигатори: Оспособубање на наставниците за ерата на вештачката интелигенција“

Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:

Втора работилница во рамки на K220 Erasmus+ проектот „ВИ Навигатори: Оспособубање на наставниците за ерата на вештачката интелигенција“
Денес во просториите на СОНК успешно се реализираше втората работилница, согласно предвидената агенда, исполнета со активна работа, размена на искуства и силна инспирација. Работилницата започна со поздравно обраќање на претседателот на СОНК, Јаким Неделков, кој ја истакна важноста од современи пристапи во образованието и улогата на вештачката интелигенција во тој процес.
Следуваше преглед на проектот и досегашните резултати од страна на координаторката Билјана Лотеска, со осврт на постигнатите цели и идните чекори.
Во текот на денот, преку презентации и споделувања, ВИ Навигаторите: Игор Христов, Зорица Јанкуловска, Мирослав Цветковски и Зенафер Бајмак Грозданов, заедно со пилот наставниците, презентираа конкретни искуства од примената на ВИ алатки во наставната практика, нивното влијание врз мотивацијата и ефектите кај учениците. Имавме чест да бидеме домаќини на нашите партнери од Бугарија, кои беа дел од мониторингот на работилницата. Нивното присуство претставува дополнителна вредност и поддршка за квалитетот на имплементацијата.
Работната атмосфера беше динамична и поттикнувачка, исполнета со дискусии, прашања, размена на идеи и заедничко учење.Работилницата заврши со заклучоци, отворена дискусија и дефинирање на следните чекори за понатамошна имплементација на ВИ во наставата. Продолжуваме понатаму со заедничка цел да изградиме образование кое не само што користи технологија, туку и размислува критички, креативно и одговорно.

AINavigators #ErasmusPlus #AIinEducation #TeacherTraining #DigitalEducation #CriticalThinking #SONK #FutureOfEducation