МакедонијаПравдаСиндикат

Соработка на синдикатите и работодавачите за прашања од безбедноста и здавјето при работа

Соработка на синдикатите и работодавачите за прашања од безбедноста и здавјето при работа

Работодавачот, согласно Законот за безбедност и здравје при работа е должен при планирањето, набавката на работна опрема и воведувањето на нова технологија, да се консултира и соработува со вработените и претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или со претставникот на вработените таму каде што нема формирано синдикат, како и со претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа. Во однос на последиците и опасностите кои произлегуваат од изборот на работната опрема, заради нивното влијание по безбедноста и здравјето при работа, работните услови и работната околина.

Кога имаме ситуација каде на една локација работат два или повеќе работодавачи истовремено, тие мора да се договорат писмено за заедничките безбедносни и превентивни мерки кои треба да се преземат и да назначат стручно лице за спроведување на мерките за безбедност при работа.

Обезбедувањето на мерките за безбедност и здравје при работа во никој случај не смее да претставува финансиска обврска за вработените. Нарушувањето на здравјето при работа не смее да влијае врз платата на вработeните ниту да ја повреди нивната економска и општествена положба.

Тимот на Јуридика