СПМ зеде учество на конференцијата во организација на СОНК
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:
Денес 29.04.2026 година во хотел “Александар Палас” во Скопје по повод 1-ви Мај меѓународниот ден на трудот, Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република
Македонија – СОНК организираше Конференција на тема:
„Трудови политики и колективни договори – законска рамка, примена и предизвици”.
На Конференцијата беа разгледани теми од областа на трудовото право, поврзани со креирање на трудови политики и законска рамка, како и проблемите и дилемите при практичната примена на колективните договори.
На конференцијата како прва панел дискусија на тема “Креирање на трудови политики и законска рамка” панелисти беа проф. Лазар Јовевски – професор по трудово право, г-дин Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд, проф.д-р Лазе Јакимоски – заменик министер за јавна администрација, д-р Александар Стојкоски – градоначалник на Општина Ѓорче Петров.
Во втората панел-дискусија на тема “Практична примена на колективните договори, проблеми и дилеми” како панелисти беа г-дин Љулзим Фаризи -советник инспектор од областа на работните односи во Државниот инспекторат за труд, г-дин Благоја Ралповски -претседател на КСС, г-ѓа Виолета Арнаудова – судија во Основен граѓански суд Скопје и г-дин Емил Крстановски – координатор на МОТ за Македонија.
Активно учество на панел дискусиите земаа и претставници на Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ .
враќањенапрофесионализмотвополицијата
новатаеранапрофесионализмот
силанановотовреме

