Неделков: Правото на уредување на методологија за пресметка на плата е уредено со Устав, Закон и меѓународни конвенции и никој не смее да го укине тоа
Фејсбук статус на Јаким Неделков, Претседател на СОНК:
Велат, одлуките на Уставниот суд не се коментирале!?
Нема да коментирам за поведување на постапка за оценување на уставноста на Колективниот договор за културата, иако како потписник на тој Колективен договор имам полно право да коментирам и да го изразам своето несогласување со елаборацијата на Судот.
Довербата во судската власт од 2% на граѓани е разнишана. Дополнително што судиите ,, по сопствена иницијатива” го поништија законот за плати на судиите, за кои тврдат дека ,,ќе предизвикал материјална несигурност и ќе им ги намалел платите”, што не е точно. Ако не им се зголемат платите според нивните очекувања, тоа не значи дека ќе им се намалат!
Правото на уредување на методологијата за пресметка на плата е уредено со Устав, Закон и меѓународни конвенции ратификувани од Република Македонија, и никој не смее да го укине тоа право!

