МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Ќе има ли живот за полицајците во ПС Стрезимир?

Соопштение на СПМ:

Ова е објектот на ПС за ГП и ГН Стрезимир

Да, истиот објект кој Министерот Спасовски го посети и таму го отвори времениот граничен премин и каде тука пред шест месеци се ” отепаа” од сликање целото раководство на МВР.

Во овој објект работат десетици наши колеги.

Во овој објект…

➖Нема струја со месеци,

➖Нема дрва за огрев со години..

Полицајците се оставени на МИЛОСТ И НЕМИЛОСТ😡

Но затоа пак во овој објект наместиле ПАРНО А НАФТА НЕМА❗⚠️

Снег моментално околу 50см. Снегот сами го пробиваат колегите за да стасаат до своите работни места..

Па да те прашаме министре Oliver Spasovski кој го предводиш Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme …. 

Што ќе ни се фарбани фасади ако полицајците СМРЗНУВААТ И СЕ БОРАТ ЗА ЖИВОТ⁉️⚠️

Зар во XXI век треба да зборуваме дека полицајци- наши колеги немаат простојни услови за ЖИВОТ❗❓

Денес доставуваме докази за тоа како полицискиот службеник “преживува” без огрев на температури до -10 С и како истиот се става во “служба” на Македонија пат и храбро се пробива низ снегот борејќи се да стаса до своето работно место. 

На самиот крај… има ли некој воопшто (раководител- началник) да праша како им е на овие наши колеги⁉️

 Има ли….ЗАСРАМЕТЕ СЕ❗