Стопанствениците бараат „замрзнување“ на маржите, а не на цените
Замрзнувањето на цените на основните прехтранбени продукти на подолг рок може да донесе недостиг на производи на пазарот, предеупредуваат трговците. Голем дел од производите чии цени се замрзнати или суровините за нивно производство, се увезуваат.
Поради тоа, на трговците не им се исплаќа да купуваат поскапо, а да продаваат поевтино, па затоа се одлучуваат да не увезуваат. Тие и предлагаат на Владата да ја промени мерката и наместо, цените, да се замрзнат маржите.
Стопанството веќе го чувствува притисокот на пазарот. Се трошат резервите, набавени пред замрзнувањето на цените. Засега, цената на пченицата која земјава ја увезува е стабилна, но притисок врз производната цена на лебот прават поскапената струја, нафта и природен гас.
Поради енергетската криза, на 1 декември лани Владата донесе двомесечна мерка за замрзнување на цената на лебот, млекото, брашното, шеќерот, месото, сирењето, урдата, тестенините, јајцата и оризот. На два дена пред истекот на оваа мерка, Министерствто за економија и продложи на Владата продолжување за уште еден месец. Од друга страна, граѓаните се жалат дека и покрај замрзнувањето на цените, животот од ден на ден е се поскап.
Во меѓувреме, поради замрзнатите цени и зголемените трошоци на производство, индустриите бројат загуби. Од пекарската индустрија пресметале дека месечно тие се движат од 40 до 300 илјади евра, што може да доведе до затворање на компаниите.
Извор: ТВ24
