Трајковска: Целиот товар од покачената минимална плата ќе падне на фирмите – државата ќе ни плаќа само за придонесите
Во предлог-законот за минимална плата којшто ќе биде доставен на усвојување во Собранието, го нема делот за субвенционирање на нето износот на платите, рече во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, Владанка Трајковска.
“Во актуелниот предлог закон кој е даден на разгледување во Собранието, изоставен е делот за субвенционирање на нето износот на покачувањето на минималната плата, што значи целиот терет од зголемувањето на минималната плата ќе биде на работодавачите. Владата го субвенционира износот на придонесите во делот на покачувањето на минималната плата“, вели Трајковска.
Фото: ТВ Алсат/принтскрин

