Трет протест за Онкологија со запалени фотографии: Истрага за Филипче и Васев!
Под мотото „Правда за жртвите“, со запалени и измачкани фотографии со црвена боја, почна третиот протест по скандалот на Онкологија. Граѓаните се собираат пред Влада, каде скандираат „убијци“, по што треба да се упатат кон обвинителството.
„Нема да има социјална правда додека не се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има!“, гласи пораката упатена од протестот.
Организаторите нагласуваат дека донесените измени во Кривичниот законик нема да ги аболицираат инволвираните од нивните злосторства.
Повеќе на Фокус

