Угостителите да затвораат во 18 часот, предлага Министерството за здравство
Утрово, на состанокот на Комисијата за заразни болести разговаравме за нов пакет на рестриктивни мерки. 
Нашиот предлог кој ќе го препорачаме до Владата е во периодот од 18 декември до 21 јануари:
На хотелите им се забранува работа на рестораните и баровите по 21 часот.
На сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски.
На денешната седница на Комисијата за заразни болести беа присутни и преставници на Независната угостителска комора.
Posted by Венко Филипче on Monday, December 14, 2020

