ПравдаСветот на работникот

Услужните занаетчиски дејности не можат да не работат во недела

Услужните занаетчиски дејности, како фризери, цвеќари, шминкери, кетеринг услуги не можат да не работат во недела, доколку се изгласаат измените во Законот за работни односи со што недела ќе се прогласи за неработен ден, рече денеска во Утрински брифинг директорката на Комора на занаетчии на Град Скопје, Анета Атанасовска.

-Овие дејности им се неопходни на граѓаните, посебно за време на семејни веселби, и затоа сметаме дека не може да не работат во недела. Засегнати од овие измени се и секторите кои произведуваат храна, како пекарите, слаткарнците. Ние доставивме иницијатива до надлежните институзии и побаравме да се разгледа нашето барање. И досега имаше опција за дополнителна исплата на хонорар доколку работниците се ангажирани за работа во недела, но со донесувањето на Законот ќе значи дополнително финансиско оптеретување за малите бизниси кои и без тоа се многу погодени од ковид-кризата, рече Атанасовска.

Повеќе на Слободен Печат