Останато

Уште една земја од регионот највила воведување на еврото

За да ги поправи нарушените односи со Брисел, новото унгарско раководство сака земјата до крајот на деценијата да го воведе еврото. Меѓутоа, со слабата еконмија и кратките рокови, експертите предупредуваат дека патот ќе биде тежок.

Новиот унгарски премиер Петар Маѓар сака да се осигура земјата да се врати во главниот тек на Европската унија и брзо да преземе чекори за да ги поправи односите нарушени од долгогодишното владеење на Виктор Орбан. Дел од таа стратегија е и планот Унгарија до крајт на деценијат да биде подготвена за влез во еврозоната.

Сепак, некои во земјата, вклучувајќи го и гувернерот на централната банка, сметаат дека временска рамка би можела да биде премногу амбициозна, со оглед на тоа дека премиерот во заминување Орбан остава забавена економија и фискален неред. Меѓутоа, доколку пристапувањето до еврото се спроведе на вистински начин, Унгарија би можела да оствари значајна корист.

Враќање во крилјата на Европската унија

Исполнувањето на условите за воведување на еврото ќе биде тешка задача за новата влада. Партијата Тиса, на чие чело е Маџар, има малку простор за маневрирање во поглед на потрошувачката и реформите, особено сред актуелната криза на Блискиот исток, вели Сил Тан од аналитичкото одделение на британската медиумска група „Economist“.

„Не очекуваме воведување на еврото во следната деценија“, вели Тан за DW.

Сепак, Тиса е силно мотивирана. Враќањето на Унгарија во мејнстрим Европската унија – со „либерални“ периферии во кои ја турнал Орбан – бил клучен дел на изборната кампања на партијата. Влегувањето во еврозоната дополнително би ја зацврстил новата порака.

Време има малку, па Маџар го повикува Брисел да ги одблкира 17-те милијарди евра, средства замрзнати поради демократксото назадување на Орбан и проблемот со владеење на правото. Дури десет милијарди евра од тој износ мораа да бидат искористени пред истекот на рокот во август.

Мерки на штедење ширум земјата

Околу 75 отсто од Унгарците поддржуваат воведување на единствената европска валута, покажа истражување од 2025 година. Сепак, речиси истиот процент испитаници смета дека земјата сè уште не е подготвена за тој чекор. Партијата Тиса се надева дека гласачите тоа ќе го имаат предвид во наредните години, бидејќи економската консолидација веројатно ќе значи намалување на потрошувачката или зголемување на даноците.

„Влегувањето во 2030 година може да изгледа амбициозно, но не е невозможно“, изјави за ДВ Јулија Кираљ, поранешна заменик-гувернерка на Унгарската народна банка и професорка на Унгарската академија на науките. „Главниот предизвик е исполнувањето на мастришките критериуми“, додаде таа.

Тие критериуми ги дефинираат дозволените нивоа на инфлација, јавен долг, буџетски дефицит, каматни стапки и стабилност на валутата. Унгарија во моментов значително заостанува зад тие фискални барања.

Длабоките кратења во државната потрошувачка, потребни за намалување на дефицитот, ќе претставуваат најголем предизвик. Тан смета дека тоа ќе биде „невозможно“ да се оствари до 2030 година.

„Маѓар веќе најави дека ќе продолжи со фискално расипничката политика на Виктор Орбан, со забрзано зголемување на воената потрошувачка за да се исполнат целите на НАТО“, додава Кираљ.

Предности и недостатоци од влезот во еврозоната

Од друга страна, самата најава за амбицијата за пристапување во еврозоната би можела да ѝ донесе значителни придобивки на Унгарија. По официјалната кандидатура, се очекува поголема стабилност на унгарската форинта, како и пониска инфлација и каматни стапки.

Трошоците за задолжување би требало да се намалат – и за државата и за целокупната економија. Бидејќи надзорот на Европската централна банка придонесува за стабилизација на финансискиот систем.

Долгорочно гледано, членството во еврозоната би го елиминирало валутниот ризик и трансакциските трошоци – што е клучно за извозно ориентираната унгарска економија.

Најголемиот недостаток би бил губењето на автономијата во водењето на монетарната политика и намалената способност за ублажување на економските шокови. Сепак, земјата би добила пристап до ликвидноста на еврозоната и механизмите за помош во кризни ситуации.

Претпазливост кај партнерите од еврозоната

Меѓутоа, не се сите во ЕУ воодушевени од таа иницијатива. Слабата економија, лошата фискална состојба и 16 години институционално назадување на Унгарија веројатно ќе предизвикаат скепса кај членките на еврозоната. Тие не ја заборавија грчката должничка криза, која се покажа како заразна и скапа.

Постои и страв дека Унгарија би можела да го промени курсот по следните избори во 2030 година или да се врати на нелибералната политика и потоа да стане дестабилизирачки фактор во рамките на еврозоната.

„На Унгарија веројатно ќе се гледа со скепса“, наведоа аналитичарите на лондонската куќа „Капитал економикс“. Земјата, како што додаваат, „мора да ги увери партнерите дека влезот во еврозоната е заедничка цел на целиот политички спектар во земјата, вклучително и опозицијата“.

Природен пат за Унгарија?

Сепак, официјалните претставници на Европската унија го гледаат тој потег позитивно. Претседателката на Европската комисија Урслула фон дер Лејен ја пофали Унгарија за „враќањето на европскиот пат“ – за кој претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард смета дека природно води кон еврото.

Економската аналитичарка Сили Тан додава дека „во средна и источна Европа, воведувањето на еврото во Унгарија би испратило силен сигнал за обновување на соработката и зајакнување на политичката кохезија“.

Унгарија се обврза на воведување на еврото во мај 2004 година, кога заедно со уште девет земји пристапи кон Европската унија. Сепак, таа е една од трите држави од таа група што сè уште не го направиле тоа – заедно со Република Чешка и Полска. Со оглед на силната зависност на вишеградските економии од извозот во еврозоната, изненадува што досега се приклучила само Словачка.

Сега Унгарија сака да ги искористи придобивките што нејзиниот северен сосед го претворија во „татрански тигар“.

„За главните трговски партнери, како Германија, елиминирањето на валутниот ризик и намалувањето на трансакциските трошоци ќе поттикнат дополнителни трговски и инвестициски текови, особено во доминантните сектори на автомобилската и електронската индустрија“, нагласува Тан.

Сепак, малку е веројатно дека унгарската одлука ќе има директно влијание врз Чешка или Полска. Широко распространетото противење на единствената валута – поттикнато од стравот од инфлација и губење на суверенитетот – и понатаму ја кочи сериозната расправа во Прага и Варшава.

„Не може да се исклучи дека, порано или подоцна, сите членки на ЕУ ќе ѝ се приклучат на еврозоната, за да ја зголемат конкурентноста во однос на САД“, проценува Јулија Кираљ.

Извор: b92.net