Шахпаска: Ниту во моловите нема да работат сите работници, вработените ќе добиваат 100 отсто поголема дневница
Подготовката на законското решение за недела-неработен ден е предмет на долга дебата со сите чинители засегнати од овој закон, истакна вечерва министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Во Законот за работни односи, посочи таа, таксативно се наведени кои ќе бидат исклучоците од ова решение, тоа се 40 исклучоци и околу 30 проценти од сите регистрирани дејности.
Нагласи дека контролата на почитувањето на ова законско решение ќе го врши Државниот инспекторат за труд, УЈП и пазарниот инспекторат, а секој кој ќе работи во недела треба да го пријави работењето во надлежните институции.
Таа се осврна и на реализацијата на капиталните инвестиции.
– Министерството за труд и социјална политика има реализација од 24 отсто од капиталните инвестиции, и тоа само во првиот квартал, тоа е многу повеќе од процентот кој беше предвиден како минимум, односно 15 отсто, рече Шахпаска.
Таа потенцираше дека фактот што за седум месеци се отворени нови 11 градинки и обезбеден простор за 670 деца и нови 14 градинки кои се градат, а ќе бидат готови до крајот на годината е потврда за сериозна и посветена работа.

