ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Јовевски за ТВ 24: Компаниите ги зачувуваат работниците поради државната помош

Статистиките коишто ги истакна вицепремиерот Битиќи се планирана проекција во оваа турбулентна година додека аналитичките проекции покажуваат дека и 2020 година ќе биде полна со предизвици од аспект на сочувување на работните места, истакна проф. д-р Лазар Јовевски во 24 анализа на ТВ 24

„Минатата година изгубивме 55 000 работни места и се варира колку биле резултат на ковид или други причини. Делот на економските мерки, се ценат како тие се ефектираат врз оние кои се вработени. Самите мерки, не станува збор за нови драматични мерки, освен со субвенции плус но она што се однесува до платите, анализите на пазарот на труд покажуваат дека и покрај сите преземени мерки се губат работни места.“ – рече Јовески.

Тој смета дека треба да се фокусираме на превентивниот дел и помошта да се фокусира на компаниите за да тие можат да опстојат и да ги сочуваат работните места. Смета дека имаме хибриден модел на превентивен аспект и на санациски аспект. тоа значли дека ваквиот аспект на помош која се дава не може да ги дава очекуваните резултати. на пазарот на труд се случува тектонско поместување, вели Јовески.

„Многу компании со овие мерки ги зачувуваат работниците зошто земаат помош и тоа значи дека компаниите не работат добро и не се ликвидни и кога мерките ќе завршат,работницвите ќе останат без работа.“ – вели Јовески.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во 24 анализа во однос на петтиот пакет мерки и кажа дека сите пакет мерки се донесуваат по исцрпните консултации и за оние кои најмногу им се потребни. Посебно се осврна на гласините дека нема да има субвенција за плати.

„Преовладува мислењето дека не сакаме да прочитаме како што изворно сме кажале. Никогаш оваа влада не кажала дека нема да има поддршка за стопанството, туку дека ќе продолжи зошто тие се генератор на бизнисот, дека работниците ни се битни, човечкиот капитал во дравата ни е битен. Ние и претходно сме немале субвенции за плати, ни сме имале финансиска поддршка за плати и таа поддршка имала критериуми кои треба да се исполнат за да стане субвенција или да се вратат или да стане кредит.“ – рече Битиќи.

Битиќи истакна дека со финансиската поддршка се правело кредитирање на стопанството за платите на работниците, и притоа биле запознаеме со условите како таа помош да стане неповратна. Истакна дека превладуваат два концепта во концептот за финансиска поддршка за плати.

„Еден е тој што го имавме и кој укажува како се движела помошта што сме ја давале во изминатите шест месеци. Во првиот месец кога се даваше линеарно на сите 14 500, имавме 128 000 плати беа поделени. Во декември, само 60 000 плати се поделени, толку имало барања од компаниите.“ – рече Битиќи.

Ова смета Битиќи укажува дека се користеле исти криетериуми и во април и декември. Другите податоци укажале дека големиот пад во вториот квартал го немало во третиот и четвртиот и тоа значи дека има значително заздравување.

„Треба да им помогнеме за да исплатат плати. таму каде имаат пад на приходите и нудиме нов модел, а тоа е да понудиме преку развојната банка финансиска поддршка преку кредити коишто имаат нула интерес, што значи дека каматата ја субвенционира државата. им даваме на компаниите 12 месеци грејс период, период на отплата три години, под услов, да ако покажат негативни резултати, ќе продолжат да си го враќаат кредитот како што е. Ако покажат позитивни резултати, 30% од тоа станува неповратен грант.“ – рече Битиќи.

Маријана Перковска од „Текстилниот кластер“ во 24 Аналлиза рече дека состојбата во текстилната индустија е алармантна. Мерката субвенција на плата е единствено мерка која ќе им овозможи на текстилните работници да го преживеат периодот на затвореност.

„Западна Европа е затворен и нема потреба од нашите производи. Текстилните компании немаат работа сега и нема да ја имаат до мај. Дел од компаниите ги отпуштаат вработените зошто немаат што да им дадат на работа, а имаат проблем зошто потоа не може да ги вратат.“ – вели Перковска.

Таа рече дека биле во подобра позиција кога почнала пандемијата одошто сега, зошто тогаш имало поголема нарачка. Вели дека ниту една компанија нема да зем таков кредит, зошто веќе имаат кредити и кое би било обезбедувањето за тие кредити. Текстилните компании немаат работа.