ЈОВЕВСКИ: ПОНИШТУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР Е ПРЕСЕДАН КОЈ ГО НЕМА НИКАДЕ ВО СВЕТОТ
Фејсбук статус на Проф. Д-р Лазар Јовевски:
Неколку поенти од дискусијата околу колективните договори од синоќешното гостување во Топ тема на ТВ телма:
📌 Колективното преговарање е пракса согласно европското законодавство и меѓународните трудови стандарди;
📌 Колективниот договор не едоговор во смисла облигационен однос помеѓу две страни туку тој има сила и важност поголема од онаа на законите бидејќи уредува поголеми права на работниците од законски пропишаниот минимум;
📌 Непочитувањето на колективните договори од страна на работодавач, дури и кога државата се јавува во таа улога е неприфатливо, поништувањето на колективните договори е преседан кој го нема никаде во светот;
📌 Укинувањето на колективното преговарање нè враќа децении назад, во време на социјализмот и е многу опасен потег кој ќе значи намалување на работничките права и значително заостанување зад светските демократии!
Доколку ја пропуштивте дебатата, можете да ја погледнете овде 👇

