Ќе се раскине работниот однос, дооколку „рамковните“ не го прифатат трансферот, рече Шаќири
Министерот за информатичко општество Јетон Шаќири за Телма рече дека со новиот закон кој беше утврден вчера на владина седница, вработените „по Рамковен договор кој седат дома и земаат плата“ ќе бидат отпуштени доколку одбијат да бидат прераспределени според трансфер-листата која ќе ја изготви неговото министерство.
Станува збор за 1.420 лица за чии плати во Буџетот за 2021 се проектирани 9,3 милиони евра.
Повеќе на Фактор.мк

