НовостиПравдаСветот на работникот

Автобусите на ЈСП ќе возат, по најавите дека за утре се спрема штрајк

   Време за читање 1 минута

Јавниот градски превоз и утре ќе функционира редовно и без задршки, уверуваат од ЈСП „Скопје“ по наводите на социјалните мрежи дека поради протести, вработените нема да ги извршуваат своите обврски.

Апелираме до медиумите да бидат одговорни и да не шират лажни вести и паника кај граѓаните. Истовремено, сакаме да потенцираме дека причината за штрајк на новоформираниот синдикат, четврти по ред, е нелегитимна бидејќи од 1 јуни зголемена им е платата на сите вработени во ЈСП. Апелираме медиумите и синдикатите да не дозволуваат да бидат инструментализирани од политиканти и политички бандити – велат од ЈСП.

Од штрајкувачкиот одбор беше најавено дека протестот ќе почне во 4.30 часот  и ќе трае се до 12.30 часот пред дирекцијата на ЈСП – Скопје со Автокоманда. Како причина за штрајкот наведуваат дека е неусогалсувањето на минималната плата со Колективниот договор, неисплатата на прекувремени часови за прекувремена работа, неисплата на хранарина на работниците што работат навечер од 22 до 6 часот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *