СветСиндикат

Железничарите во штрајк: Сообраќајот нарушен

Машиновозачите и контролорите на француската Национална железница (SNCF) денеска стапија во штрајк со барање за зголемување на платите, што предизвика нарушување на железничкиот сообраќај. Според француските медиуми, во сообраќај се пуштени само половина до две третини од редовните возови.

Вработените во SNCF стапија во штрајк на повик на синдикатот CGT, пренесува телевизијата BFM TV.

Во исто време, синдикатот Sud-Rail повика на дополнителна мобилизација на работниците од секторот за одржување почнувајќи од утре, како и на штрајк на машиновозачите во среда, и штрајк на контролорите од 9 до 11 мај.

Сепак, директорот на патничкиот сектор на SNCF, Кристоф Фанише, изјави дека за време на продолжениот викенд, од 5 до 8 мај, сообраќајот на брзите железници (TGV) ќе биде „нормален“ и дека повеќето возови ќе сообраќаат според распоредот.

Тој истакна дека SNCF им овозможува на патниците да го откажат своето патување доколку не сакаат да патуваат за време на штрајкот. „Сите билети ќе можат да се заменат или вратат без никакви трошоци“, додаде Фанише.

Извор: b92.net