Работа од соништата: Патувај низ светот, престојувај во луксуз и заработи 116.000 евра
Ако некогаш сте сонувале за совршена работа, сега имате шанса да го живеете тој сон. Британската компанија Shop Home Styles, специјализирана за мебел и уредување на домот, распиша оглас за вработување на консултант за трендови во ентериерот (Interior Trends Consultant) – личност која ќе патува низ светот во потрага по најновите дизајнерски инспирации и за тоа ќе добие значителна плата.
Избраниот кандидат ќе има задача да патува во земји како Јапонија, Мексико, Скандинавија, Мароко и други егзотични дестинации. Компанијата ги покрива сите трошоци за патувања и луксузените сместувања, а за возврат се очекува редовно известување за дизајнерските трендови и објавување содржини на социјалните мрежи на компанијата.
Работата подразбира истражување на најинспиративните ентериери – од минималистички јапонски куќи, преку шарени мексикански хациенди, до едноставен скандинавски дизајн и богатите бои и текстури на пазарите во Маракеш. Вашата улога е да ги пренесете овие впечатоци преку креативна содржина што ќе ги инспирира клиентите на брендот ширум светот.
Најдобрата вест? Нема посебни услови за пријавување – доволно е да имате над 18 години, важечки пасош и – како што се наведува во конкурсот – „голема страст кон ентериерите и извонредно око за стил“.
Исто така, на патувањата може да поведете и пријател по ваш избор, бидејќи – како што вели огласот – „светот е поубав кога се споделува“.
Иако звучи како сценарио од Netflix серија, овој оглас е вистинит. Конкурсот е отворен до 16 мај, па доколку вашата моментална работа не вклучува истражување на ентериери, престој во дизајнерски хотели и прошетки низ боемски пазари, можеби е време за кариерна промена.
Извор: Bizportal.rs/Putnikofer.hr

