МакедонијаПравда

Адеми: Се уште нема договор за протоколите според кои учениците би се вратиле во училиште- продолжуваат консултациите

111views

Министерот за образование и наука Арбер Адеми на денешната прес конференција истакна дека сѐ уште нема договор за протоколите според кои учениците би се вратиле во своите училишта.

Тој додава дека продолжуваат консултациите според кои би се одбрал најбезбедниот модел за организирање на наставата.

Уште еднаш повтори дека најлесно е да се одлучат за онлајн настава, но физичкото присуство во училница нема замена, но се зависи од епидемиолошката состојба во земјата.