Светот на работникот

Штом овој оглас за работа бил поставен станал вирален: Собрал 59 милиони прегледи, се пријавиле 700 луѓе

Огласот за работа за овчари на далечните кинески трла неочекувано станал вирален хит и привлекол стотици пријави, откривајќи ги сѐ поголемите проблеми на кинескиот пазар на труд. Жуо Ксјаонг, сопственик на фармата, останал изненаден кога неговиот оглас за двајца овчари за работа на сурово подрачје јужно од Монголија станал најпопуларна тема на Welbo, кинеска верзија на платформата X, пренесува Independent.

За севкупно неколку часа огласот собрал 59 милиони прегледи и поттикнал повеќе од 21,000 расправи. Се пријавиле повеќе од 700 луѓе – од вработени во канцеларии во Шангај и Чонгкинг до работници во фабрики и дипломирани студенти. Жуо рекол дека 10 % од пријавените само што завршиле факултет, додека други како причина за аплицирање ги навеле долговите, исцрпувачките работни обврски и лошата работна атмосфера.

„Не очекував дека ќе стане вирален“, рекол. „Се чини дека обичните луѓе сѐ потешко наоѓаат работа.“

996 – работа од 9 до 21, 6 дена во неделата

Иако официјалната стапка на невработеност во Кина е нешто над 5 %, подвработеноста расте, а приходите во приватниот сектор веќе со години не го следат економскиот раст. Многу работници се жалат и на т.н. култура „996“, односно работа од 9 до 9 навечер, шест дена во неделата. Аналитичарите предупредуваат дека пазарот на труд би можел дополнително да се влоши поради високите трошоци за производство, забрзаниот развој на вештачката интелигенција и доаѓањето на рекордни 12,7 милиони дипломирани студенти на пазарот на труд.

Главниот економист на ING за Кина, Лин Сонг рекол дека реакцијата на огласот е „симптом на изразено конкурентниот и често слабо платен пазар на труд“.

Еден од пријавелите, 21 – годишниот Џејмс Гуо, рекол дека се пријавил бидејќи повеќе не можел да го издржи работењето во фабриката за контејнери.

„Работиме повеќе од 13 часа дневно, рацете ми се отечени и полни со плускавци, а немаме време ни за одење во тоалет“, рекол.

Жуо барал овчари, по можност брачен пар, кој во текот на летото би чувал 3,000 овци на трлото од околу 2,000 хектари, а преку зима би работеле физичко изискувачки работи на температури пониски од минус 30. Платата изнесува 8,000 јуани месечно, што е над просекот во кинеските приватни компании, а обезбедени се сместување и храна. „Платата е висока, но поважно е дали можете да ја издржите зимата“, рекол Жуо. „Ова не е туризам“.

„Проклетство на 35-тата година“

Посебно внимание предизвикал и феноменот кој кинеските работници го нарекуваат „проклетството на 35-тата година. На крајот, работата ја добиле два брачни пара родени во 1980-тите години, сите со работно искуство на фарма. Жуо порачал дека повеќе нема предвид да зема самци ниту млади луѓе од градовите.

„Кај нас може да се случи цела година да не видите други луѓе“, рекол. „Не знам дали секој може да поднесе толкава самотија.“

Извор: Telegraf.rs