Административците кои заминаа на сезонска работа, да ги понудиме на приватниот сектор, вели Битиќи
Административците кои користат неплатено отсуство по 3 месеци за да работат во странство, по нивното враќање да се вработат во приватниот сектор каде има недостиг на работна сила, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи.
– Имам еден друг предизвик. Кога ќе се вратат во септември, истите слободно да ги понудиме на приватниот сектор, ќе дадеме стимулирање и за приватниот сектор за да се вработат еднаш засекогаш таму каде што најмногу се потреби, вели Битиќи.
Битиќи вели дека државата ќе помогне да го стимулира овој процес со субвенционирање на придонесите.
Инаку Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу изрази жалење што во повеќе институции вработените бараат неплатен одмор, заминуваат на неколку месеци во странство и дел од нив по неколку години остануваат таму. Посочи дека неплатениот одмор законски им следува на вработените, а од друга страна, како што рече, се ограничени.
– Менаџерите на институциите треба да имаат предвид дека работата не смее да биде заглавена во нашите институции, рече Алиу.
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024