Азески: Мерките на Владата да се насочат кон бизнисите оти можно е да се создаде армија на социјални случаи
Стопанската комора смета дека владата задоцнила со мерките за стопанството и поради тоа компаниите претрпеле штети. Претседателот Бранко Азески во вчерашната емисија Топ Тема на Телма посочи дека не станува збор за зачување на нивното производство, туку зачување на конкурентноста на компаниите.
– Ние изгубивме непотребно време, тоа е првата констатација.Втората констатација е дека мораме, поучени од тоа искуство да го искористиме периодот до нова година, кој што веројатно ќе биде стабилен, нема да имаме некои сериозни рестрикции, ако не дојде до некои големи хаварии, за се подготвиме за тој тешкиот период што би дошол после тоа. На таков начин би се пребродил тој период до пролетта, кога пак ќе мораме да се подготвиме темелно за еден подолг период, бидејќи е сосема јасно, акосе друго е неиизвесно дека оваа криза ќе потрае, рече Азески.
Дека ќе има недостаток од струја Стопанската комора ја предурпедила владата уште во септември 2021 година, вели претседателот Бранко Азески. Оттогаш комората се обидувала континуирано да врши притисок за да ја убеди владата дека треба да интервенира во бизнисот.
– Ние сега се наоѓаме во ситуација во која што можеме да кажеме дека имаме лепеза на мерки со кои би можеле да интервенираме. Меѓутоа, изгубеното време, изгубените пари на компаниите не можеме да ги вратииме, тврди Азески.
Според него, државата се довела во ситуација повторно да решава социјални случаи кои што ќе седат дома, наместо да одат на работа преку зголемување на економската активност на стопанските субјекти.
– Ваквите интервенции како што се обиде да направи нашата влада, мислам дека одат во поттикнување на неработата и на создавање на огромна армија социјални случаи, наместо да го поддржи бизнисот, кој што нив би ги аспорбирал и преку исплаќањето на платите би го задржал нивото на животниот стандард што треба да го имаат. За нас од бизнисот, тоа е логична реакција вели Азески.
Азески обвини дека структурата на државата во овој момент повеќе личи на партиска, отколку на државна.
– Мораш да се одважиш во овој момент и да утврдиш приоритет. Ние би сакале бо обој момент тој приоритет да биде поттиикнување на бизнисот, заради задржување на економската активност. Зголемување на извозот, нови вработувања кои што ќе ја апсорбираат социјалната страна која што многу е изразена и тежи на буџетот и создава голем притисок и проблеми тврди Азески.