СветСветот на работникот

Ако барате РАБОТА ВО ГРЦИЈА – ОВИЕ ПЛАТИ ВЕ ЧЕКААТ

   Време за читање 2 минути

Платите во Грција во сите сектори зависат од годините на стаж и од бројот на деца што ги има вработениот.

Во една група на Фејсбук се појави интересна „листа на плати“, а се однесува на висината на платите во Грција. Минималната плата во оваа земја е 830 евра, а минималниот бенефит за невработените е 510 евра. Но, тоа не е се, покрај четирите неработни денови за велигденските празници, од Велики петок до Велигденски понеделник, работниците во Грција се уште добиваат половина плата на име на овој голем верски празник!

Сите вработени во приватниот сектор во Грција добиваат 13-та плата за Божиќ и уште половина плата за Велигден, па затоа земаат 13 и пол плати годишно.

Како што се наведува, минималната плата во Грција е 830 евра, а минималниот бенефит за невработените е 510 евра. Платите во Грција во сите сектори зависат од годините на стаж и од бројот на деца што ги има вработениот.

Покрај платата се добива и додаток за деца и истиот е за сите професии и изнесува:

51 евро за едно дете

88 евра за две деца

125 евра за три деца и

160 евра за четири деца.

Воспитувачите со работен стаж до две години имаат плата од 875 евра па нагоре, во зависност од степенот на образование. Воспитувачка со 15 години работен стаж има плата од 1.120 евра.

Платата на медицинските работници зависи од специјализацијата, годините на работа, бројот на деца, дежурствата… Платата на медицинските сестри до пет години стаж е 915 евра, а потоа 1.118 евра. Почетните лекари, до една година стаж ги добиваат следните плати:

специјалист 1.259 евра

доцент 1.558 евра

Доктори со работно искуство од девет до 11 години:

специјалист 1.482 евра

доцент 1.833 евра

раководител на одделение 2.118 евра

управител на клиника 2.233 евра

началникот на клиниката 2.353 евра

Надоместокот за дежурство е од 35 до 50 евра по дежурство, а максималниот број на дежурства неделно е три. Дежурството во недела се плаќа двојно, како и работата за време на празници, соопштено е.