АЛАРМАНТНО: За девет месеци населението се намали за 2.440 лица!
Статистиката покажува дека во периодот од почетокот на јануари па до крајот на септември во земјава имало 11.694 живородени бебиња, но и 14.634 умрени лица. Од 80 општини во земјава во нив 60 има негативен природен прираст. месеци населението најмногу се намалило во Битола – за 365 лица, Прилеп има 251 лице помалку, а бројот на жителите на Кичево се намалил за 162. Ако на ова се додаде и губењето на населението по основ на заминувањето во странство, излегува дека годинава бројот на жителите во земјава ќе се намали за околу 4.000 лица. Статистичарите предупредуваат дека до крајот на годината состојбата може да биде и полоша. „Трендот на повеќе умрени отколку родени лица ќе продолжи и до крајот на декември. Ова ќе биде шеста година по ред откако во земјава имаме намалување на населението по овој основ. Бројот на умирачките годинава најверојатно ќе се задржи на околу 20.000 лица, додека бројот на родените ќе биде околу 16.000 бебиња. Колку за споредба, во 2015 година во земјава биле родени 23.100 деца, предупредува Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика.
Повеќе на Вечер.Прес
Фото: Pexels
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025